Свет
15. July 2015 - 11:36

Кери и Зариф се номинирани за Нобелова награда за мир

Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот ги номинира иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и американскиот државен секретар Џон Кери за Нобеловата награда за мир за 2016 година, јави ТАСС. 

Институтот за оваа наградата ги номинира поради нивната улога во постигнување на спогодба за иранската нуклеарна програма.