Кембриџ развива ВИ-алатка за рано откривање деменција и Алцхајмерова болест
Истражувачите од Универзитетот Кембриџ користеле вештачка интелигенција за развој на алатка којашто може да предвиди веројатноста околу тоа дали луѓето со рани знаци на деменција ќе развијат Алцхајмерова болест. Се проценува дека едно лице во светот заболува од Алцхајмеровата болест на секои 3 секунди, а бројот заболени се очекува да се зголеми трипати следните 50 години.
Во истражувачкиот центар во Кембриџ, се верува, стручњаците пронашле нов начин на употреба на ВИ - за откривање на Алцхајмеровата болест во најраните фази. Алгоритмот е развиен и дизајниран да обработува претходни скенирања и одговори на прашалници наречени „когнитивни тестови“, користејќи сложена обработка на податоци.
- Долго време - приближно 30 години, немавме третмани коишто би ја дефинирале болеста. Сега работите се менуваат и гледаме нови третмани на пазарот, а засега знаеме дека имаме потенцијал рано да ги идентификуваме пациентите и да ги определиме вистинските пациенти за одреден третман, изјави Зои Курци, професорка по Експериментална психологија на Кембриџ. - Значи, нашата работа всушност се сосредоточи на раните предвидувања, раната дијагноза, и тоа дали кога ги имаме првите симптоми, или дури и пред симптомите, може да идентификуваме поединци кои би можеле да развијат деменција во иднина, додава таа.
Алцхајмеровата болест претставува околу 60 - 80 отсто од случаите на деменција.
- Предноста на ВИ е во тоа што може да открива податоци, како и односот меѓу параметрите или одликите кои човекот не може лесно да ги увиди. На пример, сликите што ги гледаме може да имаат мали промени во резолуцијата во размер од милиметар што не може да ги видиме со голо око, појасни Лиз Јуанкси Ли, прва авторка на научниот труд.
ВИ ги користи податоците што веќе ги анализирала за да направи попрецизни предвидувања за податоците коишто би ги добила во иднина.
- (ВИ) учи да препознава модели во добиените податоците - во овој случај поврзани со специфични дијагнози на пациенти, така што на крајот ќе знае дали има одредена шема што се појавува при скенирањето мозок. Заедно со когнитивните резултати, така ќе може да се предвиди дали пациентот ќе напредува или ќе остане стабилен и тоа потоа може да прави предвидувања за нови пациенти чии податоци (алгоритмот) не ги разгледал. Овие предвидувања можат да бидат веродостојни бидејќи тој ги видел сите овие други податоци, објасни Курци.
Истражувачите се надеваат дека оваа алатка наскоро би можела да се искористи како делотворно медицинско помагало во здравствени установи во Велика Британија и ширум светот во борбата против болеста којашто станува загрижувачки честа појава.
Ново на Сител
-
Филипче: Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори
-
Мицкоски: Очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ
-
До 17 часот најголема излезност на гласачи во Општина Тетово со 41,50 проценти
-
Се претставувале како набљудувачи, МВР со детали за апсењето во Чаир
-
Трамп: Претседателот на Колумбија е шверцер на дрога
-
Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 39,87%
-
Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин
-
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир