Келер: Балканот е важен за Европската унија

Балканот е важен дел од Европа и со тоа е и важен за Европската Унија, па затоа ги поддржуваме напорите на балканските земји за приклучување кон ЕУ и се грижиме за судбината на овие држави, изјави копретседателката на групата на Зелените во Европскиот парламент, германската европратеничка, Ска Келер.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, коментирајќи ги резултатите од минатонеделниот Самит на ЕУ во Брисел, на кој една од темите беше и состојбата на Западниот Балкан, Келер изрази загриженост за развојот на ситуацијата во регионот.
- Ние го следиме развојот на ситуацијата на Балканот со голема загриженост, рече германската европратеничка.
Таа нагласи дека постојат работи кои Европарламентот може да ги направи за балканскиот регион, како што е одржувањето на контакти со граѓанското општество, бидејќи, како што рече, тоа „ја гради иднината“.
- Добро е да има лица кои се борат за правата на граѓаните за солидарност, ние треба да им помогнеме на тие луѓе, ќе биде страшно ако тоа што е постигнато биде ставено во прашње поради корупцијата, рече Келер.
Таа нагласи дека е потребно политичарите „да ја сносат и преземат својата одговорност за тоа како нештата еволуираат“.
- Ние ќе продолжиме да ги одржуваме контактите со граѓанското опшштество и ние навистина сме загрижени со тоа што се случува во Западен Балкан, рече Келер.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
