Кавадарци ги повика жителите да пријават штети од невремето

Локална самоуправа Кавадарци објави јавен повик со кој се повикуваат жители да пријават претрпена штета од вчерашното невреме во кавадаречка општина, проследено со врнежи од град.
- Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода – град, што го зафати подрачјето на територијата на општината вчера, да ја пријават во просторите на локалната самоуправа, се вели во повикот.
Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 23, до 30 август, во Граѓански услужен центар.
-Покрај барањето пријавите, да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп), пишува во јавниот повик, објавен на веб страницата на Општината.
Претходно денеска советникот од СДСМ Вуко Мелов побара да се формира комисија за проценка на штети од град. Како член во Советот на Општината, тој ова барање го поднесе денеска до претседателот на Советот, Стојанчо Рамов.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
