Катастрофа на Тајван: Погледнете како се урна хотел во страотниот земјотрес, се трага по луѓето заробени во урнатините
Најмалку четири лица загинаа, а 145 се сметаат за исчезнати по земјотресот што го погоди вчера Тајван.
Спасувачките служби и денеска ја продолжуваат потрагата по преживеани, за кои се верува дека се под урнатините на зградите, меѓу кои и воена болница. Меѓу урнатите згради е и хотелот „Маршал“, во кој исто така има луѓе кои се заробени по земјотресот.
Локалните власти информираа дека во потресот се повредени најмалку 225 лица.
Во земјотресот е оштетен важен автопат, кој Владата веднаш почна да го санира, како и четири згради - од кои два хотела и два моста.
Епицентарот на земјотресот, со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала, се случи во 23.50 часот по локално време (16.50 по средноевроско време), на 22 километри североисточно од крајбрежниот град Хуалиен. Земјотресот бил на 9,4 километри под површината на земјата.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште