Касами вработил 8 советници - земаат плата по 10 денари месечно
Билал Касами, градоначалникот на Општина Тетово го објави списокот на 544 лица со кои претходната градоначалничка на општината склучила 811 договори на дело. Согласно податоците, примале хонорари од 9.000 до 30.000 денари на месечно ниво.
Градоначалникот посочи дека повеќе лица не доаѓале ниту на работа, а пак редовно си ги примале финасиските средства. Потоа најави дека ќе ги објави сите договори на дело што физички ќе ги склучи со општината.
Оттаму пак, на социјалната мрежа Фејсбук ги објавија имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари.
„Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник. Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово. Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук“, се вели во постот на општината.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
