Каракачанов: Македонија е најромантичниот, но и најтрагичниот дел од бугарската историја
Красимир Каракачанов продолжува со обвинувањата и пртисоците кон Македонија. Во своето последно интервју за Бугарската национална телевизија вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Скопје мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат.
– Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морал и историска должност кон овие луѓе – вели Каракачанов за БНТ.
Според него Зоран Заев барал компромис, но кога правиш компромис со политичарите во Република Македонија, тие тоа не го доживуваат како гест на благородништво, туку како слабост вели Каракачанов. Тој исто така рече дека разговорите продолжуваат и дека Бугарија нема намера да менува ништо од нејзините барања.
– Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри и да кажат дека нивниот идентитет настанал, кога се создале услови за тоа, рече Каракачанов.
Тој беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но дека не треба да ја коригираат нивната политика. Според него, решавањето на отворените прашања со Македонија е од стратешко значење.
– Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Македонија и никакви избори не се причина за тоа. – вели Красимир Каракачанов за БНТ.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот