Канадски заложник ликвидиран од исламистите на Филипините

Канаѓанецот Роберт Хол, кој пред девет месеци беше киднапиран од исламистичката милитантна група Абу Сајаф, е ликвидиран на Филипините, јавуваат канадските медиуми.
Хол беше киднапиран на Филипини заедно со уште еден друг Канаѓанец, кој претходно беше убиен од исламистите, како и со една Филипинка и уште еден Норвежанец кој бил зедно со групата.
Киднапираниот Хол бил убиен вчера, откако истече рокот што групата Абу Сајаф и го постави на канадската влада, за плаќање откупнина, тврди канадската телевизија Си-Би-Си, повикувајќи се на безбедносни извори.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави во Отава дека Хол е „најверојатно„ ликвидиран од неговите киднапери.
Претходно групата Абу Сајаф побара откупнина од неколку дестина милиони долари, за ослободување на сите киднапирани.
Канадските и филипинските власти, се против преговори со терористи и не прифаќаат плаќање откупнина на киднапери.
Роберт Хол и неговата партнерка, Филипинка, Норвежанецот Кјартан Секингстад и Канаѓанецот Џон Ридсдел, во септември 2015 година, беа киднапирани од милитантната исламистичка група Абу Сајаф, во марината близу до филипинскиот град Давао.
Сите грабнати, потоа, беа префрлени во одалечениот остров Џоло, што важи за упориште на исламистичките милитанти.
Ридсдел беше ликвидиран на 25 април годинава, по истекот на рокот за плаќање откупнина, што канадската влада одби да го исполни.
Ново на Сител
-

Брош со дијаманти изгубен од Наполеон - продаден за скоро 3,8 милиони евра
-

Осум поранешни функционери од Општина Сарај и Град Скопје ќе одговараат за злоупотреба на службената положба
-

Фон дер Лајен најави исплата на шест милијарди евра поддршка за Украина
-

Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември
-

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје
-

Општина Крива Паланка најтранспарентна локална самоуправа во државата
-

Најмалку 37 лица загинаа во Перу откако автобус падна во бездна длабока 200 метри
-

Приведени две лица во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога
