Канада соочена со можни 60.000 заразени со Ковид-19 дневно до крајот на годината
Во Канада можно е да бидат регистрирани 20.000 нови случаи на Ковид-19 на ден до крајот на декември, објавија локални медиуми синоќа повикувајќи се на нови податоци што треба да се објават денеска.
Моделот, што треба да го објави Агенцијата за јавно здравје на Канада (PHAC), го покажува најлошото сценарио од 60.000 нови случаи на ден доколку се зголемат социјалните контакти, јавија Globe and Mail и Canadian Broadcasting Corporation.
Канада пријави 315.751 случај на Ковид-19 вчера, за 4.642 повеќе од претходниот ден и за вкупно 11.265 смртни случаи досега. Случаите постојано се зголемуваат со недели, а неколку провинции кои беа релативно успешни во сузбивањето на првиот бран, сега објавија критично висока бројка.
Според тамошните лекари, болниците во Манитоба, провинција во централна Канада, се пред колапс.
Провинциите започнаа да воведуваат нови ограничувања, со тоа што Манитоба забрани собири и продавниците да продаваат нешто друго освен прехранбени стоки. Премиерот на Онтарио, Даг Форд претходно оваа недела изјави дека неговата провинција е на раб на блокада.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието