Кампања „16 дена активизам против родово насилство“

Во Собранието вечер ќе биде означен почетокот на кампањата „Шестнаест дена активизам против родово насилство“, во организација на Обединетите нации, а во соработка со институциите во Македонија.
ОН и Собранието, како домаќин соработуваат во меѓународната кампања „Шестнаесет дена активизам против родово насилство“ за подигнување на свеста на меѓународно ниво, со цел да се раздвижат активностите за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата во светот.
Со одбележување на почетокот на кампањата всушност се најавува и утрешниот ден 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
По отворањето зградата на Собранието ќе биде осветлена во портокалова боја, која е обележје на оваа кампања, што се одржува на глобално ниво.
Во текот на овие 16 дена активизам ќе се одржат бројни активности како поддршка од јавни личности од различни сфери, можност сите да постираат свои пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и низа дебати и работилници ширум земјата.
Најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаната координаторка на ОН во Македонија, Луиза Винтон.
Ново на Сител
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
