Камионски картел е тужен пред германски суд

Железничката компанија Дојче бан, германската армија и уште 40 фирми побараа денеска отштета од повеќе производители на камиони кои Европската комисија веќе ги осуди во голема картелска афера.
- Дојче бан денеска предаде тужба во суд во Минхен против камионскиот картел на ДАФ, Дајмлер, Ивеко, Ман и Волво/Рено, се вели во соопштение.
Дојче бан, Бундесверот и група компании бараат надомест на финансиска штета за периодот 1997-2001 година поради илегално зближување на производители на камиони заради договарање цени.
Случајот се однесува на 35.000 купени камиони чија цена е над две милијарди евра, наведува Дојче бан.
ЕК во 2016 година ги казни тие производители со рекордни 2,93 милијарди евра проади договарање цени и модалитети за воведување чисти технологии пред да ја казни Сканија во 2017 година со 880 милиони евра.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
