Камионџијата рекол дека превезува слатки: Цариник рутински ја кренал церадата и сфатил дека се спрема Трета светска војна!
Српски цариници за време на ноќната смена помеѓу 20. и 21. април на граничниот премин Градина спречиле обид за криумчарење на голема количина оружје и муниција сокриени во камион.
Како што се наведува во соопштението на Управата за царина, ноќеска биле откриени вкупно 80 цевки за воздушна пушка „Гризли 83-2“ со калибар од 5,5 милиметри и „Гризли стрикер“ со калибар од 4,5 милиметри, 80 кундаци за пушка, 10 гасни пиштоли „Зораки“ со калибар од 9 милиметри, 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол, како и 70 оптички нишани.

Оружјето е откриено во камион со регистерски таблички од Нови Пазар, со кој управувал возач (27) од Крушевац, а со него се превезувале кондиторски производи од Турција за Црна Гора.
На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто за пријавување за царинска контрола освен стоката што ја транспортира, возачот одговорил негативно, а камионот потоа бил упатен на контрола на мобилен скенер, па благодарение на овој уред биле воочени неправилностите во задниот дел од товарниот простор на приколката на камионот.

Цариниците спровеле детална контрола врз камионот и во кабината прво биле откриени дел од непријавената стока, 70 оптички нишани, 18 цевки за воздудшна пушка и 10 дрвени кундаци за пушка, што биле скриени во креветот и во касетите над контролната табла.

Потоа следел и детален преглед на стоката во приколката, каде прво било пронајдено местото каде било пресечено, па повторно залепено царинското јаже.
Во задниот дел од приколката, како што и покажала снимката од скенерот, биле откриени уште 10 гасни пиштоли, 10 пластични кундаци за пушка, 60 дрвени кундаци за пушка, 62 цевки за воздушна пушка и 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол.

Ново на Сител
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
-

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет
-

11 лица приведени, а двајца завршиле во болница по групна тепачка во Шуто Оризари
-

ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош
