Камерон: Во 2016 година Британија ќе направи нов договор со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон, изјави во Брисел дека идната година, Велика Британија ќе направи нов договор со ЕУ.
На средбата со домашните новинари, по неговите разговор со европските партнери на дводневниот Самит на Унијата, Камерон рече дека Британија изврши „фундаментални промени„ во нејзините односи со ЕУ.
Според британскиот премиер, на последниов овогодишен Самит, е направен чекор напред кон реформите што ги заговара Британија, кои пак ќе водат до референдумското изјаснување за тоа дали земјата да остане и понатаму членка на Унијата, или пак да ја напушти.
Доцна синоќа, по првиот ден од Санитот Камерон изјави дека во разговорите со другите европски лидери, бил постигнат „добар напредок„ околу британските предлози, но призна дека новите преговори за идниот статус на Велика Британија, во Унијата, ќе бидат „многу тешки“.
На овој Самит, Камерон го презентираше британскиот предлог за реформирање на врските меѓу Британија и ЕУ. Тој сега признава дека претстои тешка работа за да може да се реализираат сите четири предлог-барања.
Главен проблем претставува предлогот на Лондон за укинување на правото на социјални бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ, во првите четири години од нивниот престој и работа во Британија.
Камерон би сакал сите ореговори со ЕУ да завршат што е можно побрзо, за да референдумуот се спроведе веќе во текот на престојната,а не во 2017 година како што е првичниот план на владата.
Британските евроскептици не се задоволни со она што го бара Камерон од Унијата и од Брисел, додека антиевропејците заговараат уште веднаш напуштање на ЕУ.
Лидерот на британските лабуристи, Џереми Корбин изјави дека не верува оти било што ќе може да се постигне во период од шест недели, по Нова година, до следниот Самит на ЕУ.
Ново на Сител
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
