Камбовски: Партиите се основен извор на корупција
Корупцијата е претворена во системски проблем влезена е во сите пори на општетсвото од највисоката власт до најниските слоеви на остварување на било каква политична или економска моќ. Поткупот царува на сите страни од најситните службеници до водечките функционери смета научната фела.
Изворите на корупцијата се во политичките партии од таму почнува се.
Работна група веќе три и пол години заедно со ОБСЕ подготвува нов Кривичен законик, тој е во завршна фаза, но последните измени на кривичниот законик се упад, изгласани преку ноќ оценуваат добрите познавачи.
Кривичниот закон нема ефект доколку имотот кој е нелегално заработен не е конфискуфан само на тој начин би се намалил степенот на корупција во замјава.
Со забрзување на процесот за евроинтеграции во земјава, реформи во судскиот систем, но и политичката волја ќе се намали корупцијата.
На охридската школа по природно право во фокусот е борбата против корупцијата и организираниот криминал каде дваесет магистранти по право и петмина докторанти ќе бидат дел од дискусиите на актуелните теми.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар