-->
-->
Јункер: Во Ирска ќе има гранични контроли во случај на Брегзит без договор
-->
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека на ирската граница ќе бидат воспоставени гранични контроли доколку Британија излезе од ЕУ без договор.
Јункер за Скај њуз изјави дека ЕУ мора да „обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар“.
Тој напомена дека без граница после Брегзит, животните кои влегуваат во Северна Ирска потоа можат да влезат во ЕУ преку Ирска без никаква контрола.
Јункер рече дека тоа нема да се случи.
– Мораме да ги чуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани, рече тој.
Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција