Југоистокот ќе бира модел за изградба на регионална депонија
По повеќе од пет години во Југоисточниот плански регион повторно се покренува инцијатива за изградба на регионална депонија, откако претходната пропадна најмногу поради неусогласеноста околу цената која домаќинствата требаше да ја плаќат за собирање на сметот.
Денеска Советот на градоначалници при Центарот за развој на југоисточниот плански регион заедно со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, претставници од Европската банка за обнова и развој и експертска група ја почнаа постапката за менаџирање на ваков вид на депонии.
Според Каја Шукова од министерството за животна средина и просторно планирање, проектот се однесува на четири региони-Југоисточниот, Пелагонискиот, Југозападниот и Вардарскиот регион.
-Се прави првичен скрининг на условите во регионите и се разговара со подготвеноста на сите општини во регионите за воспоставување на современ концепт за управување со отпад. Југоисточниот регион се издвојува, бидејќи желбата на регионот е видлива во подолг временски период и денес тоа го потврдивме на првиот состанок. Има согласност од сите општини што е многу битно и имаат желба и идеа да се реши управувањето со отпадот во овој регион, рече Шукова.
Додаде дека целиот проект ќе трае четири месеци, а е ангажирана данската компанија „Кови“ од страна на ЕБОР.
-Проектот започна на иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, која што и пристапи на банката и и побара помош. Станува збор за пари од грант. Се надеваме дека ќе утврдиме соодветни модели за управување со отпадот во секој од регионите. Не значи дека ќе се уврди еден модел, кој ќе биде идентичен за сите четири региони, туку ќе зависи од демографијата на регионите, од количините на отпад кои што се собираат, значи ќе зависи од многу аспекти, посочи Каја Шукова од министерството за животна средина и просторно планирање.
Претседателот на Совет на градоначалници на Југоисточниот плански регион, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, смета дека е добро што тргна иницијативата за решавање на овој горлив проблем. Додаде дека градоначалниците од десетте општини во регионот се едногласни дека конечно треба да се реши проблемот со изградба на регионална депонија.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија