ЈСП со соопштение за цената на билетите, продажни места, гратис возења...
Заради настанати недоразбирања околу функционирањето на новиот систем за електронска наплата, вклучувајќи го и тарифниот модел на ЈСП СКОПЈЕ, ве информираме следното:
1. Билетите за едно возење, заради унифицираноста на цените од двете зони, повеќе не се продава во билетарниците, бидејќи истите можат да се купат во самото возило.
2. Самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната и 200 денари за персонализираната без впишување на билет на истите. Овие картички имаат важност од минимум 4 години, се до нивно евентуално оштетување.
3. ЈСП СКОПЈЕ овозможи две гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичка, туку само ја надополнува со парични средства.
4. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно у ште колку возења може да се остварат (во зависност од типот на билет)
5. Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6000 денари.
6. Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички
7. Надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички
8. Картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.
9. Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 год за жени и 64 за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење на персонализирана картичка
10. Услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии исклучиво во Скопје. За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда од редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот инфоцентар. Доколку некој имал извадено персонализирана картичка пред 01.01.2016, за даго добие новиот билет ќе мора повторно да ја донесе бараната документација, за билетот да му биде впишан на веќе постоечката картичка. 11. Распоредот на линиите се објавува на нашата веб страница www.jsp.com.mk каде што може да се проверува распоредот по датуми.
12. Диспечерскиот Центар на ЈСП СКОПЈЕ е одговорен за редовноста на линиите, како и за моментална реакција по однос на настанување на било каков проблем во сообраќајот и со возилата кои што се пуштени во сообраќај (сообраќајни незгоди, работа на пат итн.). ЈСП СКОПЈЕ во најкраток рок обезбедува ново возило во сообраќај, за да се намали времето на чекање на патниците и навремено стигнување до своите дестинации.
13. ЈСП СКОПЈЕ преку својата веб страница навремено информира за било какви пречки во сообраќајот за засегнатите линии.
За било кои останати прашања, кои не се пишани во нашето известување, замолуваме истите да ни ги доставите на е-маил адресата info@jsp.com.mk и истите во најкраток рок ќе ви бидат одговорени.
Ново на Сител
-
ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени