Македонија
30. March 2023 - 16:31

Јовевски: Не треба да се фрла сомнеж за синот на Џафери и сопругата на Абази, треба да им се даде шанса

Нема причина да се фрла сомнеж доколку синот на собранискиот спикер Џафери и сопругата на јавниот обвинител за организиран криминал Абази бидат избрани за јавни обивнители, вели првиот човек на Јавното обвинителство Јовески за тоа дали непотизмот во редовите на органот што треба да гони криминал ќе влијае на борбата против корупцијата во државата. 

Според Јовески и Барлет Џафери и Албулена Абази ги исполниле строгите услови на Акдемијата за судии и јавни обвинители и успешно ја завршиле, па требало да добијат шанса за работа.

Џафери и Абази се само двајца од новата дипломирана генерација на Академијата за судии и јавни обвинители кои се во роднинска релација со актуелни функционери и кои конкурирале на последните огласи за избор на јавни обвинители и судии. Нивниот избор доаѓа во време на силни критики и ниска доверба во работата на правосудните органи. За Јовески, тоа сепак било само перцепција на граѓаните.

За абасадорот на ОБСЕ Вал разбирливо е граѓаните да имаат пониска доверба во институциите бидејки тие секогаш чувствуваат дека истрагата за одредени постапки треба побрзо да се одвива. Сепак, тој верува дека Протоколот за соработка кој денеска го потпишаа минситерот Спасовски и обивнителот Јовески ќе ја подобри состојбата.

Според Протоколот, МВР и Обвинителството, при преземање на мерки во полициската и обвинителската истрага за некој случај, треба да функционираат како еден синхронизиран систем.