Јовески: ОЈО постапува по кривичните пријави на Боки-13
На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази.
–По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи, вели Јовески.
Тој рече дека Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие повреди или тие незаконитости или извршувањето на кривични дела од одредени поединци. Пред се, како што посочи Јовески, тоа можеше да го направи во текот на истрагата што се водеше против него, а ако немаше доверба во истрагата тоа можеше да го истакне на главната расправа каде што присуствуваа медиумите и можеше сите тие работи да се приопштат кон јавноста.
-Бојан Јовановски потоа бараше на записник да даде кривична пријава во делот на таквите негови сознанија, наводи и докази за кои тврди дека ги поседува. Јас определив и јавен обвнител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, кој врз основа на дадена согласност од судијата на претходна постапка го посети во притвор со намера на записник да му земе наводи за кривична пријава. Бојан Јовановски ја одби таа соработка и после извесно време во неколку наврати, мислам дека во три му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи, да поднесе кривични пријави, истакна државниот јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
