Јорданов: Реконструкција на пет основни и три средни училишта во Штип
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Штип Иван Јорданов денеска на прес-конференција најави реконструкција на пет основни и три средни училишта во Штип.
– Ќе изградиме и ќе ги подобриме условите за спорт и рекреација на повеќе од 25 спортски игралишта и две спортски сали. Ќе ја унапредиме позицијата на младите, преку зајакнување на нивниот глас во Совет на млади и инкорпорирање на идеите во локалните програми и политики. Ќе ги зајакнеме младите со отворање на Младински центар и промена на концептот на функционирање на Дом на млади, каде секој од нив преку организирани активности ќе ги развива своите лични таленти, рече Јорданов.
Со создавање систем за летен ангажман на младите, како што најави, ќе направат активна младина, за учество во работата на јавниот и приватен сектор при што ќе се овозможи укажување помош на граѓаните при извршување задачите од интерес за нив.
– Ќе го подобриме нивниот социјален живот со проекција на филмови, организација на забави, повеќе младински фестивали, организација на турнири во најразлични спортови. Ова се само дел од нашите младински проекти, со кои заеднички ќе ја создаваме новата иднина за Штип!, нагласи Јорданов.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул
-
Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
-
Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром