Јорданов: Првичните резултати од Белград за водата од ХС „Злетовица“ се во корист на штипски „Исар“
Првичните резултати од Инстутот за јавно здравје во Белград говорат дека водата за пиење од Хидросистемот „Злетовица“ е квалитетна и добра за користење и дистрибуција низ водоводниот систем во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека резултатите ги чекаат преку Институтот за јавно здравје од Скопје, кој ги има испратено примероците од вода до Белград, Република Србија. Тој очекува веќе во март штипската Филтер станица да се приклучи на цевковод на ХС „Злетовица“, со што практично би почнало користењето на водата од зафатот на овој систем.
– Се надевам дека доколку ги проследиме сите технички документации, постапки и одлука на Советот на Општина Штип и други активности, кои протоколарно мора да ги спроведеме, официјално некаде од 1 март практично би можеле да ја пуштиме водата од ХС „Злетовица“ во системот на ЈП „Исар“, со веќе склучен договор со ова јавно претпријатие, вели Јорданов.
Посочи дека користењето на водата од ХС „Злетовица“ е од корист на Општина Штип, имајќи ја во предвид енергетската криза и трошоците кои ги имаат за електрична енергија за пумпите во бунарскиот систем.
-Штипското комунално претпријатие „Исар“ по едностраното раскинување на договорот од снабдувачот со електрична енергија од 1 јануари е на слободниот пазар за користење на струја. Новите сметки за струја не се пристигнати во ова јавно претпријатие, а се очекуваат деновиве, информираше Јорданов.
Откако ќе ги добијат ќе знаат дали ќе можат да ги платат сметките или ќе мора да се куси од некои од проектите за реализација.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени