Македонија
14. October 2015 - 8:22

Јолевски во официјална посета на Република Летонија

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Летонија, каде ќе се сретне со неговиот домаќин летонскиот министер за одбрана Рејмондс Бергманис.

Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе се сретне и со шефот на одбраната на Република Летонија, генерал полковник, Рејмондс Граубе и ќе ја разгледа воената база Адажи.