Јеремиќ: Резолуцијата за санкции против Русија е кукавичко јајце на Вучиќ за опозицијата
Откако потпретседателот на Собранието Борко Стефановиќ од опозиционата ССП на Драган Ѓилас достави предлог резолуција до собраниската Комисија за надворешни работи за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на ЕУ, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, во Србија прво реагираше рускиот амбасадор во Белград, а денес и лидерот на опозиционата Нова странка, Вук Јеремиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко го праша потпретседателот на српското собрание дали го земал предвид мислењето на мнозинството во Србија кога ја предлага Резолуцијата за санкции кон Русија, додека денес реагираше Вук Јеремиќ кој оцени дека таа „претставува кукавичко јајце на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој и се подметнува на опозицијата за да се подели“.
-Не можеме да водиме аргументирана расправа за ова прашање пред Вучиќ во српскиот парламент да ги извести пратениците и јавноста со што тоа и се закануваат на Србија, односно зошто би морале да воведеме санкции кон Русија и покрај јасните негативни политички последици што овој чекор би можел да го има за решавање на косовскиот проблем, изјави Јеремиќ, соопштија од Народната странка.
Тој оцени дека не верува во приказните дека ќе се случи „катастрофа од широки размери“ ако Србија не воведе санкции кон Русија.
-Од почетокот на војната во Украина поминаа осум месеци, а ниту една од заканите досега не се оствари, додаде Јеремиќ.
Според него, Вучиќ ѝ подметнува „кукавичко јајце“ на опозицијата со помош на некој со кој, како што наведе, Народната странка соработувала во минатото, мислејќи на Странката за слобода и правда на Драган Ѓилас.
-Настрана од тоа колку е скандалозно пред изборите да се каже дека сте против санкции, а по изборите да ја свртите приказната – тоа нека им служи на чест на оние кои се подготвени да кажуваат една приказна пред изборите, а друга по нив. Она што е многу полошо е што сега со тоа се оди директно на рака на Вучиќ, тој ѝ подметнува кукавичко јајце на опозицијата со намера да ја подели, Народната странка во тоа нема да учествува, рече Јеремиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација