Бизнис
6. March 2018 - 8:43

Јавни расправи за измените на законите за туристичка и угостителска дејност

Во Охрид денеска ќе се одржат две јавни расправи за предложените измени и дополнувања на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.

На првата расправа, од 11 часот, ќе присуствуваат претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници, додека на втората, закажана за 12 часот и 30 минути, ќе присуствуваат физичките лица кои вршат угостителска дејност - приватно сместување.

На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија  и Стопанската комора, а организатор е  Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.