Јапонија ќе отвори амбасада во Македонија
Во јануари 2017 година ќе биде отворена Амбасада на Јапонија во Република Македонија со седиште во Скопје. Ова беше најавено на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши.
Како што соопшти МНР, при предавањето на писмото во кое се најавува официјалното отворање на јапонската амбасада во Скопје, министерот Попоски изразил благодарност за одлуката на Владата на Јапонија што ја одбра токму Република Македонија како локација за проширување на јапонската дипломатска мрежа.
- Оваа одлука ги потврдува одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Јапонија и е резултат на долгогодишна работа на МНР на РМ која што започна со одлуката на Владата на РМ за отворање на амбасада во Токио во 2009 година, продолжи со официјалното отворање на Амбасадата во мај 2013 година и упатувањето на првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија во 2014 година. Овој чекор значително ќе ги подобри билатералните односи меѓу двете земји и ќе даде силен поттик на развивање на економската соработка во иднина, истакнал Попоски.
На средбата се разговарало и за билатералните односи, внатрешната состојба, а посебен акцент бил ставен на мигрантско-бегалската криза.
Како што се наведува во соопштението, на средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија влегуваат во нова фаза која што ќе овозможи уште позасилена соработка во сите сфери на заеднички интерес.
Министерот Попоски изразил благодарност за хуманитарната помош од над 4,5 милиони евра што Јапонија досега ја има донирано за справување со мигрантската криза во Македонија која се спроведува преку меѓународни партнерски организации кои работат на територијата на нашата земја. По овој повод, и во знак на благодарност за придонесот на Амбасадата на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена за целокупната досегашна развојна соработка и проектна поддршка доделена од страна на јапонската влада, Попоски му врачил плакета - благодарница на амбасадорот Такетоши, изразувајќи подготвеност за натамошна плодна соработка помеѓу двете држави. Попоски се заблагодарил и за помошта на Македонија од Јапонија, ЏАЈКА и јапонскиот народ која изнесува над 340 милиони долари од 1994 година до денес.
Покрај средба со Попоски, јапонскиот амбасадор Такетоши одржа и предавање пред македонските дипломати во рамките на Дипломатската академија на тема „Нова ера во македонско-јапонските односи“.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
-
Вработени во РТС поднесоа петиција а РЕМ до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите
-
Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром
-
Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-
ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона
-
НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“
-
РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале
-
Трамп: САД се многу близу до постигнување нуклеарен договор со Иран