Јанева ќе даде исказ за „Рекет“ откако ќе изврши увид во доказите
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која денеска беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, не дала исказ за „Рекет“. Јанева пред обвинителите кажала дека ќе даде исказ за овој случај откако лично ќе изврши увид во доказите.
Во обвинителството вчера на распит беше донесен првоосомничениот за „Рекет“ Бојан Јовановски. Тој беше во обвинитеството еден час, но не дал исказ пред обвинителите.
По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.
Од обвинителството укажаа на тоа дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се пришири и против Катица Јанева. Сите тројца се наоѓаат во притвор.
Ново на Сител
-

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази
-

Багаи: НАТО е соучесник во „незаконската агресивна војна“ на САД и Израел против Иран
-

СП 2026: Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза
-

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија, нестабилно време се очекува и денеска во попладневните часови
-

СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска
-

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал
-

Зеленски: Во Белорусија деактивирани релејни антени, користени за напади со руски дронови

