-->
-->
Јакимовски со поддршка за младите од Карпош: Целосно ќе ги покриеме трошоците за возачка дозвола
-->
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска најави поддршка за младите во општина Карпош преку покривање на трошоците за обука и полагање испит за возачка дозвола.
– Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе наполнат 18 години вклучувајќи
ја и оваа 2021 година, рече Јакимовски.
Со тоа, додаде тој, сакаме да им помогнеме на младите луѓе да бидат помобилни, да зачекорат во светот на повозрасните и едноставно да можат повеќе да се дружат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
