Живот
6. April 2019 - 21:32

Ја послушал бабата па заглави зад решетки: Кинез фрли парички во моторот од авион, за малку сите ќе изгинеа

Празноверен Кинез е уапсен пред четири дена откако за малку паричките што ги фрлил ќе завршеа во моторот на авионот во кој тој влегувал со сопругата и детето.

Мажот познат само како Сиа (30) верувал дека тоа ќе му донесе среќа на летото, но наместо тоа завршил зад решетки зошто ја загрозил безбедноста на патнциите, пишува Метро.

Мажот се качувал во авион на авиокомпанијата Хаинан во градот Урумки на северозападот од Кина. На снимката од надзорната камера се гледа како влегува пред сопругата и ќерката во авионот, но застанува пред вратата од кабината кога видел дупка на мостот и тука фрлил нешто што личи на монети.

Обезбедувањето веднаш го запрело качувањето во авионот па е приведен 30-годишникот поради загрозување на безбедноста на патниците. Сиа подоцна објаснил како неговата четиримесечна ќерка првпат лета со авион, па свекрвата му рекла дека треба да фрли парички за среќа.

Мажот поминал во затвор 10 дена, а сопругата го продолжила летото со ќерката. Вработените на аеродромот по пребарале тлото под авионот и на крајот пронашле три монети во близина на моторот на авионот. Летот поради непромислениот потег доцнел 40 минути.