Ја издрогирале и ги пријавила во полиција: Манекенка уништи забава на Џастин Бибер
Австралиската манекенка Bailey Scarlett тврди дека била издрогирана на забава која ја правел Џастин Бибер. Младиот пејач во саботата вечерта правел забава во студиото во кое снима, па таму се нашле и неколку девојки.
Манекенката тврди дека била повикана на забава во студиото на Џастин Бибер. Откако дошла наточила за себе вотка и лимонада и ги испила пијачките, но набрзо почнала да губи свест. Почнала да плаче, а Џастин седел покрај нејзе и пробувал да ја смири.
Се јавила во полиција, а откако полицијата пристигнала толку се вознемирила така што завршила во болница.
Полицијата направила записник за инцидетнот и потврдила дека дошло до него. Сопстеникот на студиото пак тврди дека никој не ги допирал пијачките но и манекенките, вели дека манекенката имала само паничен напад.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019