-->
-->
Изречени 320 санкции за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 320 возачи.
Како што информираат од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 100 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 220 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР, и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
