Израел изврши ракетен напад врз војните пунктови во Сирија
Израел изврши ракетен напад врз воените пунктови во Сирија, во близина на главниот град Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, пренесува Фена.
Прецизирано е дека нападот се случил на патот кој води до провинцијата Дара, но е е напоменат обемот на штетата.
- Локацијата е погодена со три ракети, кои направиле материјална штета, се наведува во извештајот на Сириската опсерваторија.
Исто така е наведено, дека „не е познато дали членовите на Хезболах биле на местото на локацијата или не“.
Извор од провладините сили на Башар ал Асад го негираше извештајот, тврдејќи дека вчера немало израелски воени удари во Сирија , но официјален одговор се уште нема.
Телевизијата на либанскиот Хезболах А-Манар, исто така го негираше извештајот.
Израел претходно беше обвинет дека извршил ракетен напад врз одредени места во Сирија, кои припаѓаат на сириската војска и Хезболахот, соузниците на Асад.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци