Израел доби список на израелски заложници кои Хамас треба да ги ослободи денеска

Израел доби список на израелски заложници кои денеска треба да ги ослободи Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Списокот на заложници во моментов се разгледува и „во моментов се доставуваат известувања до семејствата на оние кои ќе бидат ослободени по повеќе од 50 дена поминати како заложници во Газа“, се наведува во соопштението.
Бројот на заложниците што ќе бидат ослободени денеска како дел од продолжениот договор за прекин на огнот постигнат во понеделникот не е прецизиран, пишува Тајмс оф Израел.
Од петокот, 50 израелски заложници се ослободени како дел од првичниот договор за четиридневен прекин на огнот во борбите во Газа и ослободување на тројца палестински затвореници за секој израелски заложник.
Како резултат на паралелните преговори водени од Катар, Хамас ослободи и 17 Тајланѓани, еден Филипинец и еден руско-израелски државјанин.
Израел и Хамас вчера се согласија да го продолжат привременото примирје за два дена, отворајќи можност за ослободување на уште околу 20 луѓе кои се заложници на палестинската милитантна група.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
