Изминатите 24 часа издадени 799 потврди за азил

Изминатите 24 часа на 799странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од нив, како што соопшти МВР, 333 се од машки, 164 од женски пол, 295 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седумдеца кои патувале без родител.
Според државјанството 476 потврди се издадени на државјани на Авганистан, 234 потврди на државјани на Сирија и 89 потврди се издадени на државјани на Ирак.
Од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди за барање на азил на вкупно 83.987 странски државјани, од кои 33.494 се од машки пол, 18.185 се од женски и 32.103 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 40.408, Авганистан - 26.535 и Ирак - 17.041.
Од 1 јануари годинава до денеска до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информирата од МВР.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
