Измените на Законот за јавнообвинителска служба в среда на собраниска седница
Измените на Законот за јавнообвинителска служба со кои треба да се реши статусот на вработените во Специјалното јавно обвинителство треба да се најдат на собраниска седница на 11-ти овој месец.
Пратениците од СДСМ и од ДУИ предлагаат да му се овозможи на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да добие овластување да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО.
-Со истекот на мандатот на специјалниот јавен обвинител и со завршувањето на мандатот на другите јавни обвинители од СЈО, нема кој да ги потпишува финансиските документи. Има Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за јавнообвинителска служба во кој се предвидуваат решенија во врска со прашањето во делот на платите на јавнообвинителските службеници. Ќе се разгледува и ќе се создаде услови некој да одлучува во врска со тоа. Сега навистина би било прејудицирање по тоа прашање, рече Јовески одговарајќи на новинарско прашање по денешнната промоција на новата интернет-страница на ЈОРМ.
Во врска со предметите на СЈО, Јовески рече дека очекува до крајот на месецот и останатите девет-десет предмети да се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства.
-Сите предмети што Јавното обвинителство ги презеде од СЈО што се во постапка, како што и многупати кажав, првенствено сме насочени кон оние што се во фаза на судења, потоа од истрагите од кои требаше да се преземат определени дејствија од итна природа, каде што во разни постапки судовите бараа определени мислења. Тие истраги се распоредени и има еден дел истраги кои се уште не се распределени на надлежно постапување по обвинителствата. Тоа се некаде околу девет-десет. Очекувам дека до крајот на месецот и тие предмети ќе се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства, рече Јовески.
На прашање дали има отворено предистражни постапки за судии, републичкиот јавен обвинител одговори негативно.
-До овој момент нема отворено предистражни постапки за судии, ниту по тоа прашање е разговарано со јавниот обвинител кој раководи со Jавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Доколку некој од Обвинителството смета дека треба да се потврдат одредени истраги за определени лица за тоа има можност да се обрати до Јавното обвинителство, рече Јовески.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење