Македонија
17. July 2018 - 13:30

Измените на Изборниот законик по итна постапка пред пратениците

Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, потврдуваат од кабинетот на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Предлогот на Владата е веќе ставен, по итна постапка, на денешната пленарна седница на Собранието, на што реагира опозицијата.

Измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не како што е досега со двотретинско. 

Целта е да се деблокира изборот на ДИК за да може да почнат подготовките за референдумот