Изложба „Ткаеници“ во Штип

Четириесет ткаени ракотворби, кои се дел од творештвото на жените од источниот регион, ја сочинуваат изложбата „Ткаеници“, што беше отворена попладне во штипската галерија „Безистен“.
Ракотворбите се чуваат во депото на етнолошката поставка во Музеј на град Штип. - Со изложувањето на ткаените ракотворби сакавме што повеќе луѓе да се запознаат со нашата традиција и со цел да побуди некој од нив да ја продолжи традицијата со работа на ракотворби, вели директорот на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип, Зоран Читкушев.
На отварањето на изложбата „Ткаеници“ беше презентирана и публикацијата „Ткаеници“ од етнологот Бети Иванова, а во неа е презентиран начинот на кој жените ги изработувале волнените покривки, килими, ирами, украсите, како и додатоците на народните носии. Иванова вели дека предметите кои се изложени и презентирани во публикацијата датираат од 19 и 20 век.
На изложбата „Ткаеници“ покрај македонскитге народни носии презентирани се и додатоци од влашката и јуручката народна носија. Ткаењето во источниот регион било застапено до 1950 година.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
