Изложба од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“
Изложба од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во НЛБ Галерија во Скопје, каде што до 7 јанаури ќе бидат претставени дела од автори кои на крајот на јуни учествуваа на Колонијата во Вевчани.
На Колонијата која се организира во соработка со компанијата „ВИА“ годинава учествуваа 35 уметници од земјава, Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Полска, Франција и од Грција.
На отворањето на изложбата ќе биде промовиран каталог (на македонски и англиски јазик), кој Колонијата го објавува традиционално. Насловен е „Шепотот на меридијаните” и ќе ги прикаже делата создадени годинава на „Вевчански видувања“ заедно со информации за уметниците и нивни впечатоци за престојот во Вевчани.
На оваа културно-уметничка манфестација досега учествувале повеќе од 300 ликовни уметници од државава и од странство, а создадените дела досега биле изложувани во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и Париз.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите