Македонија
5. September 2017 - 8:31

Изложба на фотографии на Мимоза Велиу

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии на Мимоза Велиу, насловена „Уметничка фотографија“.

Мимоза е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година таа е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната галерија на Косово.