Излезни анкети: Удар за Меркел, АФД влегува во три покраински парламенти
Излезните анкети од покраинските избори кои што се одржуваат денеска во три германски федерални единици покажуваат дека националистичката антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (АФД) добила доволно гласови да биде дел од уште три регионални парламенти а партијата на Меркел ЦДУ загуби во две од трите покраини каде има избори.
АФД, според излезните анкети, освоила 22 отсто од гласовите во Саксонија Анхалт и стана втора најсилна партија во оваа покраина по ЦДУ која добила 30 проценти поддршка, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во Баден Виртенберг АФД освоила 13 проценти што е повеќе од предизборните анализи и сега е трета партија по „Зелените“ и ЦДУ која што е втора најсилна партија.
АФД е трета и во покраината Рајна Палатинат каде што во водство се Социјалдемократите кои што сега се попопуларна партија пред ЦДУ на Меркел која ја загуби првата позиција.
Успехот на АФД лидерката на оваа партија Фрауке Петри го објаснува со „фундаментални проблеми со кои се соочува Германија. Иако останатите мејнстрим партии во земјата најавија дека нема да влегуваат во коалиција со АФД изборните резултати ќе донесат проблеми во составување на коалициски влади во секоја од покраините каде што се одржаа изборите. Во сите три покраини владеачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и СПД на федерално ниво го загуби мнозинството по што се очекуваат мачни преговори и се отвора место за неообичаени коалиции со партиите како Левицата (Линке) или Слободните Демократи (ФДП) кои обезбедија место во регионалните парламенти.
Парламентарните избори на федерално ниво во Германија ќе се одржат во втората половина на 2017 година до кога владеачката коалиција има доволно време да ја надмине кризата со бегалците ако сака да ја спречи АФД да влезе во Биндестагот или да стане респектибилна политичка сила во најмоќната држава на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози