Македонија
25. January 2020 - 19:39

Излажал 70-годишна скопјанка дека е кум на нејзиниот син, ѝ зел 10.000 денари

Вчера во 14,40 часот во СВР Скопје Ј.П.(70) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот во дворот од нејзината куќа на улицата “Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари. Имено измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.