Изгубил контрола и паднал на коловозот - тешко повреден мотоциклист заврши на Ургентен
Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот.Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул. „Коце Димов - Витамин“ во Велес.
Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен до ЈЗУ Општа болница во Велес, а оттаму препратен во Ургентен центар во Скопје.
Како што информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница од Велес при рентген снимка и преглед од хирурзите кај повредениот било утврдено скршеница на десна потколеница и уште неколку скршеници или политраума на ногата.
-Поради сериозноста на повредите на ногата, но вон животна опасност повредениот е препратен на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје, информира Андова.
Како што информираат од СВР Велес, по овластување на Јавното обвинителство увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско