Издадени уште 768 потврди на мигранти за намера за барање азил
На уште 786 мигранти им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во изминатото деноноќие. Такви потврди досега се издадени на вкупно 27.233 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од новоиздадените потврди 480 се за лица од машки пол, 118 женски, 174 за деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 14 за деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 20.738, потоа Авганистан 1.945, Ирак 1.440, Пакистан 928, Сомалија 526, Палестина 435, Конго 285, Камерун 133, Еритреја 129, Нигерија 100, Етиопија 99, додека останатите се во помал број.
До Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
Екипите на Црвен крст до вчера 16:30 часот укажале прва помош на 114 лица, од кои имало 41 интервенција во Табановце и 73 во Гевгелија. Девет трудници побарале асистенција од мобилните тимови. Екипите дистрибуирале 524 шишиња вода, 36 пакети со храна, по 36 хигиенски пакети за жени, за мажи и за сампомош, како и шест пакети за бебиња.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија