Издадени 3.458 нови потврди за азил, најбројни мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак
За едно деноноќие издадени се вкупно 3.458 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани, соопшти денеска МВР.
Од вкупниот број 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.638, Авганистан 860, Ирак 478, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 18.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 258.417 странски државјани, од кои, 152.372 се од машки пол, 39.275 се од женски, 53.275 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.495 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 158.986, потоа Авганистан 56.773, Ирак 21.228, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.311, Конго 514, Либан 434, Алжир 452, Нигерија 275, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина