Издадени 132 потврди за намера за поднесување барање за право на азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 132 странски државјани, од кои 34 од машки и 33 од женски пол, како и на 65 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, соопшти денеска МВР, потврди се издадени на 126 државјанин на Сирија и 6 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 07.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 44.734, Авганистан 26.546 и Ирак 18.337.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 07.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa, од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол