-->
-->
Избрани најдобрите маски на карневалот „Прочка“ во Прилеп
-->
Групната маска „Последното Исусово искушение“, маска на танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп е најдобра маска на годиншниов 15-ти крневал „Прочка“ во Прилеп.
Стручното жири во состав Ели Милошеска Луческа, етнолог, Тони Чатлески, уметник и Мрјан Матракоски, советник за образование, за најдобра современа маска ја прогласи маската „Ангелмен-заштитник на прилепските перници“ од ОУ „Климент Охридски“, а најдобра традиционална е маската „Весели тутунари“ од Прилеп. Жирито ги награди и дел од учесниците од другите градови од Македоија и од странство.
- Годинашниов карневал донесе многу оригинални домашни, но и разноликост и умешност кај странските маски. Се потврди впечатокот дека прилепскиот карневал во основа е на традицијата и на богатото наследство, вели етнологот Милошеска Луческа.
На јубилејниот 15-ти крневал „Прочка“ учествуваа над 1.500 групни маски од Македонија и од земјите од целиот Балкан, како и гости од Италија.
Жирито ги прогласи и најдобрите маски од вчерашниот детски карневал. Најдобра маска во категоријата јуниори е маската „Велигденски јајца“ од ОУ „Гоце Делчев“, а најдобра во категоријата сениори е маската „Пехари“ од ОУ „Кочо Рацин“.
Вечерва во Домот на културата „Марко Цепенков“ е отворена ретроспективна изложба за карневалот, а од 19 часот во хотелот „Липа“ е заедничката забава за маскираните кога на најдобрите ќе им бидат доделени и наградите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
-
ДЗР: ЈКП „Брегалница” Делчево со 61 отсто загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски кон државата и општината
-
Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште