Иванов: Спроведување итни и строги мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето

- Контролните механизми на државата, во согласност со Просторниот план на Република Македонија 2004-2020, да спроведат итни и строги мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, побара претседателот Ѓорге Иванов, во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија, во однос на барањето на граѓаните за стопирање на изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол.
- Југоисточна Република Македонија е на нозе. Моите сограѓани од мојот роден крај бараат стопирање на изградбата на рудниците Казандол, Иловица, Боров Дол... Тие се повикуваат на фундаменталното човеково право на здрава животна средина. Нивното барање е и мое барање, рече претседателот Иванов.
Користењето на штетни хемиски методи за експлоатација на природното богатство, истакна македонскиот претседател, влијае негативно на животната средина. Очекувам економскиот развој да биде во согласност со принципите на одржливиот развој, додаде тој.
Македонскиот претседател рече дека со голема загриженост ја следи и дебатата за ризикот од еколошка криза.
- Нашите градови се гушат поради загадениот воздух. Надлежните институции на локално ниво, особено Град Скопје, имаат законска обврска да најдат одржливи решенија за овој сериозен проблем, порача Иванов
Ново на Сител
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
