Иванов: Постапив во интерес на државата
Државниот интерес, излезот од кризата и спроведувањето фер и демократски избори, беа клучниот мотив поради кој ја донесов одлуката за аболиција, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во денешното заедничко интервју за повеќе македонски телевизии.
Како што нагласи Иванов, историјата ќе суди дали бил во право и дали го сочувал државниот интерес.
- Кои беа мотивите и зошто влегов во ова, кажав во моето обраќање. Ги образложив сите мотиви, сите цели и како претседател, мојата одгороност да се стави крај на кризата која предолго трае. Го искористив она што ми е дадено за да го заштитам државниот интерес. Мотивот беше и да ги искористам сите можности како претседател за одржување фер и демократски избори, без принуда и оцени, без можност некој да влијае на нив, да се конситуираат нова влада, ново собрание, нови институции и да почнеме да изглеуваме од оваа криза која не засега сите, напомена Иванов.
Одлуката беше, додаде, сите лица кои ќе бидат вклучени во изборниот процес, да бидат растоварени од каков било притисок.
- Мора да обезбедиме слодобни и фер избори и да почне државата да функционира. Одлуката беше, и власта и опозицијата, сите кои ќе бидат вклучени во изборниот процес, сите предмети, да ги ставиме на нула ситуација, сите да тргнат од иста стартна позиција, подвлече претседателот Иванов.
Тој ги почитува, како што потенцира, Пржинскиот договор и Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но, според него, тоа во моментов е злоуптребено за собирање политички поени. По изборите, истакна, СЈО може да продолжи со решавање на случаите, наместо сега да биде инволвирано во дневната политика. По изборите, секој ќе има начин да ја дознае вистината. Секој што направил криминал, треба да одговара, рече шефот на државата.
Според него, една од причините за аболицирањето е и барањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев од мај минатата година, да добие гаранции, директно од него, дека нема да биде гонет.
- Заев, во мај минатата година, кога не сакаше да учествува на лидерските средби зашто имаше обвиненија и никој не може да му гарантира дека нема да биде уапсен во секое време, бараше гаранции, за да може да учествува на лидерски средби, дека нема да биде уапсен, рече Иванов.
Нагласи дека пред да ја донесе одлуката за аболиција, побарал од својот кабинет да истражи колкава била неговата доверба кај граѓаните.
- Истражувањето покажа дека 70 отсто од Македонците веруваат во институцијата претседател и 64 проценти од целото население. Тоа значи одговорност, претседателот да преземе нешто за излез од кризата, рече Иванов.
Одговорајќи на прашање на еден од телевизиските уредници, како го коментира тоа што со аболицијата граѓаните губат можност да дознаат кој прислушувал и дали највиските функционмиери на власта се вмешани во тешки криминали меѓу кои и местење избори, Иванов рече дека секој може да има мислење за неговата одлука.
- Секогаш ми бил прв државниот интерес, така и сега. Можев пасивно да гледам што се случува, да стојам настрана и да го чувам рејтингот кој е многу висок. Но, кризата доведе до поделби. Се е замрзнато, сите бизниси се стопирани, инвеститорите се двоумат дали да дојдат, во семејствата има кавги, јавниот простор е отруен од омраза, се случува нешто што досега сме го немале. Сето ова мора да заврши, а ќе заврши ако ги почитуваме Уставот и институциите и ако водиме дијалог што и доликува на земја кандидат за ЕУ, потенцира Иванов.
Претседателот на државата упати и извинување до сите кои поради неговата одлука за аболиција се чувствуваат незадоволни, но тоа, повтори, го сторил, пред се заради интересот на државата.
Сите што сметаат дека донел погрешна одлука, додаде, може да ги искористат демократските инструменти и слободно да преземат се што дозовлува Уставот.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност