Иванов: Македонија не може да биде семафор за регулирање бегалци

Македонија не може да биде семафор и да ја преземе одговорноста да пушта или да не пушта мигранти и бегалци, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на панел-дискусијата „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“ во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција.
- Добро беше да дојдат бегалците за сите да сфатат дека Македонија е функционална држава и најдобро се справуваше од сите земји на коридорот со предизвиците што ги имавме со бегалците, рече Иванов.
Додаде дека Македонија е прва земја што прогласи кризна состојба и ја однесе армијата да ја чува границата. Земја што има 99 отсто регулиран проток на мигранти и која ги има податоците за сите безбедносни ризици што доаѓаат со бегалците.
Доаѓањето на бегалците, како што посочи, требаше да и покажат на ЕУ дека најбрзиот, најефтиниот и најбезбедниот коридор кон Европа од Блискиот Исток и Азија води низ Македонија и Балканот.
Според македонскиот претседател, во справувањето со бегалската криза Македонија презема улога за да и помогне на Европа како континент затоа што, додаде тој, овие предизвици ќе траат долго време.
- Никој не зборува дека во Египет има пет милиони бегалци. Треба да им се помогне и на Турција и на Грција. Солидарноста е неопходна и затоа ни се неопходни европски решенија за европски предизвици, а Македонија е дел од тоа, нагласи Иванов.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, Иванов во тој контекст истакна дека е неопходен европски одговор за сите предизвици.
-Македонија е дел од Европа, а не е во ЕУ. Ова е момент на отрезнување и момент на соочување со вистината, рече Иванов.
На панел-дискусијата што се одржа вечерва во Минхен учествуваа и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, и премиерите на Црна Гора и на Косово, Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа.
Претседателот Иванов денеска оствари повеќе средби со дел од учесниците на 52. Минхенска безбедносна конференција, а со панел-дискусијата го заокружи годинашното учество на овој еминентен безбедносен собир.
Ново на Сител
-

Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“
-

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори
-

„Рома“ ги демантираат институциите
-

Неовластено влегол во Воениот полигон „Криволак“, приведен маж од неготинско
-

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план
-

Излегоа ждребовите за нашите репрезентативци кикбоксери
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
