Иванов - Грабар Китаровиќ: Македонија не може бескрајно да се задржува на евроатлантскиот пат

Хрватска во целост ја поддржува Македонија во евроатлантскиот пат. Свесни сме за проблемот со Грција, тоа е билатерален проблем, но наш став е дека поради него, Македонија не може бескрајно да се задржува на тој пат, дека треба да се валоризира се што прави Македонија, истакна хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на денешната прес-конференција по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Загреб.
Посочи дека Југоисточна Европа останува недовршена работа и на ЕУ и НАТО бидејќи, како што додаде, овој простор природно припаѓа на евро-атлантските интеграции.
- Ние од Хрватска го поддржуваме членството на нашите соседи во ЕУ и НАТО затоа што тоа е предуслов за траен мир, стабилност и просперитет на просторот на Југоисточна Европа и на тој начин треба да се менува имиџот во светот и ова да стане простор во кој ќе се вложува и кој економски ќе напредува, додаде таа.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов рече дека е од големо значење сета помош и поддршка што ја добиваме од Хрватска во нашите евроатлантски интеграции.
- Го отворивме прашањето за членството во НАТО, како Македонија да го добие она што го заслужува да биде членка на НАТО, бидејќи блокадите кои досега ги имавме укажуваат на голема фрустрираност на населението во Македонија. Очекувањата кои ги имавме со зачленувањето се изневерени и со години сме во чекалната на ЕУ и НАТО. Очекуваме поддршка од Хрватска, Македонија да го добие тоа што го заслужува, рече македонскиот претседател.
Во однос на македнско-грчкиот спор за името, хрватската претседателка рече дека ЕУ не сака да увезува никакви нови проблеми и сака потенцијалните проблеми и отворените прашања да се решат пред пристапувањето на државите-кандидатки во ЕУ и НАТО.
- Ние од наша страна ќе поддржиме било каква иницијатива која ќе води кон решение затоа што заморот кој се појави во Македонија се јавува насекаде во југоисточна Европа. Ние сакаме тоа да се реши. Ја охрабрувам Грција да ги направи сите напори во овој момент, за да се надмине проблемот и да се најде решение, изјави Грабар-Китаровиќ.
На Европа, рече таа, и треба ново засилување и подмладување и затоа е неопходно да не се блокира европската перспектива на земјите од ЈИЕ.
- Состојбата во Грција дополнително ќе влијае на заморот за проширување на ЕУ. Но, проширувањето е процес кој ќе придонесе за псилна ЕУ и за побр економски развој, На ЕУ и треба ново засилување и подмладување, изјави Китаровиќ на заедничката прес-конференција со Иванов.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
