Иванов го посети манастирот „Трескавец“
Претседателот Ѓорге Иванов денеска по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица го посети манастирот „Трекавец“ од каде на сите верници и православни христијани им порача да се почитуваат традициите и да се негува она што ни е оставено од предците.
- Да бидеме солидарни, да бидеме луѓе кои помагаат, бидејќи празникот е симбол на давањето и на заштитата, истакна Иванов.
Македонскиот претседател изрази надеж дека како генерација ќе помогнеме во обновата на овој манастир.
- Како луѓе кои ги чувствуваат сите убавини на сета оваа традиција и култура, сето што ни е оставено во наследство ќе се погрижиме да оставиме за идните поколенија манастир кој доликува на неговата досегашна историја, сето она што влијаело за овој регион, а и за целиот наш народ, рече претседателот Иванов.
Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески рече дека задоволство е на овој голем христијански празник во присуство на претседателот и министерот за внатрешни работи да се биде во еден од најубавите манастири.
Честитајќи им го на верниците големиот празник, Ристески посака заедно со напорите на Владата и Министерството за култура, што побрзо да се возобноват конаците на овој манастир кој важи за еден од најубавите во Македонија и пошироко на Балканот.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека проектите се при крај и оти набрзо се очекува да бидат објавени тендерите, а после изборот на фирми да започне изградбата на новите конаци.
- Пред две години беше направена една од најбитните работи заедно со Министерството за транспорт и врски и Владата на РМ, изградбата на асфалтиран пристапен пат до манастирот, првпат во историјата, што во многу помага на големиот број туристи, православни христијани и верници кои го посетуваа манастирот, рече Ристески. Во контекст на тоа додаде, многу ќе помогне и во идниот период во искачувањето на механизацијата и градежните материјали за изградбата на конаците од овој манастир.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила